Автогол во последната минута донесе реми во „вечното дерби“

Пелистер – Вардар 1-1 (0-0)

Стадион под Тумбекафе во Битола, играно без публика

Судија: Александар Ставрев, помошници: Костадинов и Петрески (сите од Скопје)

Стрелец: Цветаноски 32 и Чарлстон 93 (автогол)

Жолти картони: Илиќ, Најденов (В)

Пелистер: Талески, Илиевски, Танушев, Хот (Маневски 68), Кочоски (Поповски 81), Фазлију, Пејаковиќ (Николовски 46), Драгарски, Стојановски, Илиески, Нето (Бошковски 81)

Вардар: Илиќ, Велкоски, Радуловиќ, Мицевски, Цветаноски (Колевски 89), Лазаревиќ, Попзлатанов (Петковски 89), Чарлестон, Мирчевски (Блажевски 75), Петровиќ, Најденов

Екипата на Вардар во Битола пропушти да освои три бода откако со автогол во судиското време се враќа со реми. На последниот натпревар од осмото коло на Првата лига, вечното дерби на макфудбалот не ги оправда очекувањата на гладачите покрај телевизорите, бидејќи за прв пат се играше без публика. Се до последните секунди Вардар имаше предност, со голот на Цветаноски во 32. минута, сепак, Бразилскиот интернационалец Чарслон во судиското продолжение си постигна ефектен автогол и ги постави конечните 1-1, а Пелистер треба да се среќен затоа што реално според играта во Битола не го заслужи тоа. Вардар поведе благодарение на голот на Цветаноски во 32. минута, кога одбраната на Пелистер погреши во поставувањето на офсајд, а шпицот на Вардар одигра одлично двојно протигрување со Мицевски, изби сам пред Талески и пласираше во мрежата на Пелистер.

Во второто полувреме, иако се претпоставуваше дека Пелистер ќе тргне поофанзивно тоа не се случи. “Вардарци“ имаа одлична игра на средината на теренот, немаа шанси за гол, но, делуваа постабилно. На крајот во послендите моменти, во 93. минута, Стојановски нафрлува во шеснаесетникот Чарлстон во најдобра намера да избие ја зафаќа топката со глава и таа наместо во корнер, заврши во голот на Илиќ. По осмото коло Пелистер се наоѓа на деветтото место на табелата со 1о бода, а лидер е Шкендија со 18 бода.

Во следното коло, Пелистер гостува кај Ренова во Тетово.