Анес Хот ќе го предводи нападот на Пелистер

Битолски Пелистер ангажираше уште едно ново име во пресрет на враќањето во елитата. Нов член на „зелено-белите“ е српскиот интернационалец Анес Хот. 191 сантиметар високиот напаѓач доаѓа од тимот на Нови Пазар. Во кариерата настапуваше за уште неколку српски нисколигаши.

Последен клуб за кој настапуваше беше Нови Пазар, а има играно уште и за Фап Прибој, Мокра Гора, Тутин.

Анес Хот им се придружува на Давор Талески, Ѓорѓи Танушев, Дарко Илиески, Валентин Кочоски, Кристијан Николовски, Иван Пејаковиќ, кои исто така ова лето пристигнаа под „Тумбе кафе“.

Пелистерци секојдневно тренираат под будното око на стручниот штаб и тренерот Зоран Штерјовски.