Бартон на центар под Тумбе кафе

ФФМ ги делегираше официјалните лица за 1 коло од новиот шампионат, кој започнува в недела од 18:00 часот. По подолго време во Битола правдата ќе ја дели Јосип Бартон од Тетово. Ќе му помагаат Иса Емрулаи од Тетово и Зоран Костоски од Прилеп Тетово.

Бартон два пати минатата сезона му судеше на Пелистер и два пати на гостувањата. Делегат на средбата Пелистер – Еуромилк е Дарко Јовчески од Тетово. Пелистер и Еуромилк за прв пат ќе играат прволигашки меч со оглед на тоа што клубот од скопската населба Лисиче за прв ќе игра во најсилната категорија во мак-фудбалот.