Благодарност до ФК Скопје за организацијата на натпреварот

Соопштение

Управата на ФК Пелистер јавно им се заблагодарува на челниците на ФК Скопје за одличната организација и максимално коректните услови за игра на дерби натпреварот од првото коло на Вторта фудбалска лига – Запад помеѓу Скопје и Пелистер.

Сакаме да изразиме задоволство што натпреварот мина во максимално коректна атмосфера, без ниеден инцидент или неприлика. Се надеваме дека вака ќе биде и во иднина и на сите терени во нашата земја.

ФК Пелистер ќе возврати со иста мера и ќе тежнее кон беспрекорна организација на своите домашни натпревари во Втората фудбалска лига.