Бодот за „Чкембарите“, прославата в недела против Шкендија

Фудбалерите на Пелистер се вратија со реми од гостувањето во Скопје против Вардар (1-1). Голот избраниците на Наум Љамчевски го посветија на навивачите кои слават 31 роденден. По бодот против шампионот екипата на Пелистер в недела игра против Шкендија, а фудбалерите ги повикаа навивачите за заеднички да го прослават роденденот в недела од 15.00 часот под „Тумбе кафе“.