Бошковски го порази Тетекс, Пелистер презими на петтото место

Пелистер – Тетекс 1-0 (0-0)

Екипата на Пелистер ја забележа шестата вторлигашка победа совладувајќи го гостинот од Тетово, Тетекс, минимално но заслужено со 1-0 (0-0).

Единствениот гол го постигна Филип Бошковски на стартот на второто полувреме во 59. минута ја погоди мрежата на тетовчани, по една збркана акција на целиот офанзивен ред на битолчани. На овој погодок следуваше реакција и барање да се поништи голот поради наводна офсајд позиција, но судијата си остана на својата одлука кога покажа на центарот.

Стадион: „Тумбе кафе“ – Битола. Гледачи: 500

Главен судија: Констанин Влахо (Скопје)

Асистенти: Мервин Топојани и Милош Милошевиќ (Скопје)

Стрелец: Бошковски (Пелистер) во 57. минута

Жолти картони: Момировски, Главевски, Момировски (Пелистер), Јанакиевски, Мицков, Митрев, Иваноски (Тетекс)

Црвени картони:

Пелистер:

Ристевски, Бошковски, Момировски, Главевски, Илиевски (од 70м. Здравевски), Наумоски (од 64м. Коњарски), Колевски, Марковски, Илијовски, Исмаили, Недановски (од 80м. Крклински)

Тетекс: 

Митев, Јанакиевски, Иваноски, Мицков, Митрев, Крстевски (од 53м. Савевски), Јовановски, Дервиши, Ѓурчиновски (од 71м. Љама), Салији, Здравковски

Пелистер ќе презими на петтото место со 18 освоени бода.