Браќата Љамчевски стрелци, Пелистер го надигра Велазерими

Пелистер славеше против Велазерими со 2-1 со погодоците на браќата Љамчевски ги потврди високите амбиции за пролетниот дел од сезоната. Петар Љамчевски стрелаше во 18. минута за водство од 1-0, а Благоја Љамчевски погоди во 82. минута за 2-0. Шерам Реџепи во 89. минута само постигна почесен гол за гостите.

Пелистер – Велазерими 2-1 (1-0)

Градски стадион „Тумбе кафе“ – Битола. Гледачи: 500
Главен судија: Марјан Младеновски (Скопје)
Асистенти: Никола Божиновски и Бојан Ивановски (Скопје)
Стрелци: П. Љамчевски во 18 и Б. Љамчевски во 82. минута за Пелистер, а Реџепи во 90. минута за Велазерими.
Жолти картони: Трајковски, Анѓелески, Марковски (Пелистер), Дани, Реџепи (Велазерими)
Црвени картони: нема

Пелистер:
Трајчевски, П. Љамчевски, Трајковски (од 46м. Бошковски), Анѓелевски (од 46м. Маркоски), Марковски, Б. Љамчевски (од 88м. Шопоски), Петкоски, Момировски, Велевски, Исмаили, Илијовски

Велазерими:
Незири, Дани, Реџепи, Адили, Расими (од 12м. Зеќири), Бекири, Аљиу, Сејдини, Елези (од 64м. Имери), Алији

Во следното коло Пелистер гостува кај Гостивар.