Бујчевски и Трифуновски стрелци во триумфот на Пелистер над Академија Пандев

Пелистер – Академија Пандев 2:0 (0:0)

Во последниата пријателска средба пред стартот на шампионатот, Пелистер во Битола го совлада новиот второлигаш Академија Пандев со 2:0 (0:0) во меч кој беше премиерен настап на битолската екипа пред домашната публика.

Клучниот момент во мечот се случи во 76 минута, кога Благојче Марковски прекрасно ја мина гостинската одбрана и нафрли, а Бујчевски со глава ја закова топката во струмичката мрежа за 1-0.

Во 88 минута од мечот по ударот од аголот на Бурхан Мустафов, во мешаницата постави глава Иве Трифуновски и реализираше за 2:0. Во 93 минута Бујчевски ја погоди стативата од голот на гостите. Битолчани заслужено се радуваа, иако и Академија Пандев покажа дека има искусен и квалитетен тим за Втората лига.

Пелистер – Академија Пандев 2:0 (0:0)

Градски стадион под „Тумбе кафе“ – Битола. Гледачи: 500
Главен судија: Благојче Ралевски (Битола)
Стрелци: Бујчевски во 75 и Трифуновски во 87 минута за Пелистер

Пелистер:
Пашовски, Тошевски, Ковачев, Степановски, Миленковски, Маркоски, Илиев, Тодоровски, Љамчевски, Петров, Демир
Уште играа: Марковски, Коњарски, Фернандо, Трифуновски, Главевски, Бојовиќ, Лукас, Попзлатанов, Петровски.