Вака изгледаат новите дресови на Пелистер

Веќе е познато како ќе изгледаат дресовите за сезоната 2013/14 на ФК Пелистер.Зелено-белите новите дресови со логото на спонзорот „Пелистерка„ ќе ги промовираат на мечот со Еуромилк во Битола на 4 август.

Претходно клубот ќе изврши официјална презентација, како и интернет претставување.

Победа и Македонија спаринг-партнери наредната недела

По одигрувањето на мечот со Новаци, битолчани в недела од 17 часот на стадионот „Биљанини извори„ во Охрид ќе одиграат контролен натпревар со Ренова. Токму прволигашот од Џебчиште ќе биде вториот противник на зелените во новата сезона, по мечот со Еуромилк на 4 август. Наредната недела битолската публика на два пати ќе може да го види новиот Пелистер на Драган Бочевски под Тумбе кафе. В четврток пелистерци ја дочекуваат Победа, а в недела на 28 август во Битола гостува Македонија Ѓ.П. на новиот тренер Борче Христов.

Tасевски на одстапка во Победа

Оние најмладите кои се затворени од поискусните, управата на Пелистер ги праќа на одстапка во второлигашките екипи. По Тони Магловски кој заврши шест месеци во Миравци, младиот напаѓач од младинската академија Александар Тасевски ќе мине половина сезона во прилепска Победа, а планирано е на зима да се врати во матичниот клуб.