Валентин Кочоски позираше како нов фудбалер на Пелистер

Валентин Кочоски е четвртото засилување на Пелистер во летниот преоден рок. Кочоски им се придружи на Танушев, Илиески и Талески и веќе тренира со Штерјовски и неговиот стручен штаб.

23-годишниот Кочоски е поранешен македонски младински репрезентативец, а ги носеше дресовите на Хоризонт Турново, Академија Пандев и Струга Трим Љум.

Кочоски беше дел од Струга Трим Љум од 2018 година, а оваа сезона одигра 18 натпревари и постигна еден гол

Пелистер и Кочоски се обврзаа на соработка од една сезона.