Ветераните на Пелистер не стареат

Ветераните на Пелистер го збогатија 90 роденден на ФК Караорман во Струга и одиграа ревијален меч со славеникот. Зелено-белите славеа со 4:2, како и во најдобрите денови на овие фудбалски асови.

Караорман најголем успех забележа во сезоната 1957/1958, кога по победа над Брегалница на пенали 7:6 ја освои шампионската титула на Македонија.Од осамостојувањето, „црвените” значаен успех имаат во 2002 година, кога во полуфиналето во Купот на Македонија беа елиминирани од Пелистер, кој подоцна го освои трофејот.

Караорман е формиран во далечната 1923 година под името Црн Дрим. Седум години подоцна клубот го менува името во Југославија, а во 1945 година струшкиот фудбалски бисер го добива името Караорман, кое го носи и денес. Амбасадори на струшкиот клуб и фудбал се поранешни и активни репрезентативци на Македонија, и тоа Артим Шаќири, Игор Митрески, Величе Шумуликоски, Артим Положани, Горан Миноски, Фламур Таири…