ВИДЕО: Школска акција на Пелистер, Пеев со фантастичен лоб го матира Зендели!

Екипата на Шкупи доминира на мечот со Пелистер, но битолчани по одлично одработена акција први стигнаа до водство од 1-0.

По десната страна бразилецот Силва го проигра Попзлатанов, кој во вистински момент асистираше до Пеев, а играчот за врска со фантастичен лоб удар го матира домашниот голман, Зендели.

Конечно по подолг период пелистерци се на прагот до победа, откако на претходните три меча забележаа исто толку порази.

 Извор: gol.mk