Влахо од Скопје ќе им суди на пелистерци во Кратово

Викендов ќе се одиграат натпреварите од второто коло во Првата македонска фудбалска лига. Денес ФФМ ги делегираше судиите кои ќе ја делат правдата на стадионите низ Македонија во следното второ коло.

Првиот натпревар ќе се игра утре (петок) во Кратово, каде Силекс ќе го пречека повратникот Пелистер, а правдата ќе ја дели Константин Влахо. Фудбалерите на Пелистер уште попладнево ќе заминат во карантин во хотел „Кратис“ во Кратово.

Во сабота и в недела се играат останатите натпревари од второто коло. Во третото, Пелистер во Битола ја пречекува екипата на Работнички.