Втор пораз од Беласица, Пелистер елиминиран од Купот

Во осминафиналето од фудбалскиот куп екипата на Пелистер е елиминирана од екипата на Беласица, откако во реванш натпреварот во Струмица е поразена со 3-1 (0-1). Голот за Пелистер го постигна Филип Бошковски.

И во првиот натпреват од осминафиналето “пелистерци“ беа поразени на свој терен, под Тумбекафе, со 0-2.

На оваа средба дебитираше на клупата новиот тренер на Пелистер, Дарко Крстевски, кој пред патувањето за Струмица, рече дека Купот во овој момент не е во првиот интерес на клубот, туку вистинската битка ќе биде за бодови.