Ганчев се врати во Пелистер по сезоната мината во Индонезија

Дефанзивецот Горан Ганчев, е првото зимско засилување на фудбалскиот клуб Пелистер, во овој преоден рок, соопшија од фудбалкиот клуб Пелистер.

Горан Ганчев е добро познат на битолската фудбалска јавност по добрите игри во дресот на Пелистер, пред неколку години.

Ганчев последните години настапуваше во Индонезија.