Голема победа за Пелистер на гостувањето во Дебар

Во рамките на шестото коло од Втората фудбалска лига – Запад, фудбалерите на Пелистер се враќаат во Битола со три нови бода, освоени по победата над екипата на Кораб, на гостувањето во Дебар.

Стрелец на голот за Пелистер во првото полувреме беше Недановски 13 минута, а на одмор се отиде со реми, по голот на Азири за домашниот тим.

Конечен резултат во денешниот натпревар го постави центарфорот на Пелистер, Благојче Главевски во 75 минута, 1-2 за „пелистерци“.

По шестото коло екипите на Пелистер и Дрита се на врвот на табелата со по 13 бода.