Горазд Михајлов е нов член на стручниот штаб на Пелистер

Некогашниот тренер на Пелистер, Тетекс и Напредок, Горазд Михајлов е најнов член на стручниот штаб на Пелистер. Битолчани се екипираат за новата сезона и во младиот стручњак гледаат добро дополнување за стручниот штаб со кој раководи Наум Љамчевски.

Михајлов добро го познава амбиентот во Битола, бидејќи и како играч и како тренер беше дел од Пелистер.

Дебито во Првата лига екипата на Пелистер ќе го има на 7 август против Победа во гости, а уште не се знае кој терен победа ќе го избере за домашен за овој натпревар.