Гостите од Софија го запознаа тимот и стручниот штаб на Пелистер

Претставниците на софискиот фудбалски клуб, предводени од бугарската фудбалска легенда, Пламен Марков, денес присуствуваше на тренингот на екипата на Пелистер, на Ќумурното игралиште.

Марков на теренот оствари средба со тренерот на Пелистер – Дарко Крстески, спортскиот директор – Менде Степановски, тренерот на голамните Сашо Петревски, како и со претставници на младинскиот погон на клубот.

По разговорот со тренерите Марков им ја објасни организациската поставеност на ЦСКА и на кои тренерски места им се посветува поголемо внимание, и на кои тренерски места има ангажирани стручњаци од Германија. Тој се осврна и тоа како била организира репрезентацијата на Бугарија кога тој играл и кога бил селектор.

Посебно се разговараше за организациската поставеност на младинскиот погон, а тој погледа и дел од тренингот на една младинска категорија на Пелистер. Тренерот на Пелистер, Крстески, и го кажа и планот на подготовките на Пелистер.

По работната средба каде беа разменети и подароци, се оствари и неформална средба во ресторанот “Корзо“, каде присуствуваше и претседателот на Советот на општина Битола-Валентин Груевски, претседателот на Управниот одбор на ФК Пелистер-Зоран Лазаров, а на средбата беа и новозназначениот амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија, неговата екселенција Ангел Ангелов и генералниот конзул на оваа земја во Битола Димитар Иванов.

На средбата е договорено сите впечатоци од престојот во Битола, Пламен Марков да ги пренесе во Софија, за да се конкретизираат чекорите кои ќе го преземат двата клуба за конкретно да започне соработката. Сето тоа ќе се конкретизира по некое време кога делегација на ФК Пелистер ќе престојува во Софија, каде се очекува да се потпишат и конкретните договори.