Дарко Илиески стави потпис на договор со битолски Пелистер

Новиот прволигаш Пелистер од Битола го официјализираше и третото засилување за сезоната 2020/21. По потписите на Ѓорѓи Танушев и Давор Талески, денес на битолчани им се приклучи Дарко Илиески. 24-годишниот прилепчанец потпиша договор на една сезона и ќе ја зголеми конкуренцијата во одбранбениот ред.

Илиески има солидно искуство од настапи во македонскиот фудбал. Ги носеше дресовите на 11 Октомври, Победа, Тиквеш и Шкупи, а играше и во Ерменија. Минатата сезона го носеше дресот на Шкупи и настапи во квалификациите на Лига Европа.

Во Првата лига запиша 18 натпревари и 1.348 минута за чаирчани, а единствениот гол за Шкупи го постигна во квалификациите за Лига Европа против ерменскиот тим Пјуник.