Дарко Крстески разрешен, Зоран Штерјовски е нов тренер на Пелистер

Дарко Крстески не е повеќе тренер на Пелистер и на негово место е назначен Зоран Штерјовски. Иако е лидер, битолскиот второлигаш сепак се одлучи за смена на шефот на стручниот штаб среде сезона и по двете гостувања против Лабуништа и Вардар Форино, клубот од Битола му се заблагодари на прилепчанецот Крстески.

На Штерјовски ќе му помага Димитар Капинковски.

Пелистер е лидер во Втората лига Запад со 20 бода, два повеќе од Лабуништа и три од Велазерими. В среда во Куп натпреварот во Скопје против Работнички, Штерјовски ќе дебитира на „зелената“ клупа, а в сабота во 11. коло на шампионатот пелистерци на домашен терен играат со Скопје.