Двајца пелистерци повикани во младата репрезентација

Селекторот на репрезентацијата до 21 година, Благоја Милевски го објави спосокот на фудбалери на кои ќе смета на последниот квалификациски натпревар за пласман на европското првенство во Полска, 2017 година.

На списокот се наоѓаат и двајца фудбалери на Пелистер, Кристијан Тошевски и Јован Попзлатанов.

Македонија пред крајот на квалификациите се наоѓа на првото место во Група 3, пред Франција и Исланд, кој има натпревар помалку.