Два гола на Главевски, Пелистер го надигра Гоблен Јуниор

Екипата на Пелистер врза серија на домашни победи и по Гостивар и Скопје, го совлада и новиот второлигаш Гоблен Јуниор. Пак јунак на екипата на Дарко Крстески беше Благојче Глалевски кој постигна два гола.

Пелистер – Гоблен Јуниор 2-0 (1-0)

Градски стадион „Тумбе кафе“ – Битола. Гледачи: 500
Главен судија: Александар Урошевиќ (Тетово)
Асистенти: Саше Тошевски и Милош Милошевиќ (Скопје)
Стрелци: Главевски во 28. и 64. минута за Пелистер
Жолти картони: нема
Црвени картони: Пајазит во 58 минута и Незири во 80 минута (Гоблен Јуниор)

Пелистер:
Ристевски, Исмаили, Колевски (од 15м. Крклински), Илијовски, Наумоски (од 80м. Здравевски), Главевски, Коњарски, Марковски, Анѓелески, Неданоски (од 46м. Бошковски)

Гоблен Јуниор:
Краљевски, Мемети, Крутеј, Османи, Незири, Ќаили, Љутфиу, Алили, Мустафи, Пајазит, Мемеди

Во следното коло в недела Пелистер гостува кај второпласираниот тим на Струга Трим Љум.