Дерби под Тумбе Кафе: Пелистер – Работнички

Пелистер и Работнички вo недела ќе го одиграат највозбудливиот натпревар од второто коло на ПМФЛ. Виктор Треневски по втор пат како тренер на дебармаалци ќе дојде во Битола, каде остави силна трага како фудбалер. Минатата сезона загуби од расположените „зелено-бели“ на Љамчевски со 3-0, но подоцна се реваншираше во Охрид, каде единствениот гол на средбата го постигна Ељиф Елмас.
 
Пелистер предводен од бразилското дуо Лукас – Силва, на стартот од оваа сезона собраа 3 голови, ќе го напаѓаат Работнички под Тумбе Кафе помогнати од екс романтичарот Баже Илијоски.