Дејан Јакимовски ќе го води натпреварот Пелистер – Шкендија

ФФМ ги делегираше судиите за 9. коло од Првата фудбалска лига. На дерби-дуелот во Битола меѓу екипите на Пелистер и Шкендија правдата ќе ја дели Дејан Јакимовски, а помошници му се Никола Караколев и Игор Ширилов.

Мечот се игра в недела на 3 октомври со почеток од 15.00 часот.

ФОТО: Македонски спорт