Динамо Врање ќе гостува во Битола во генералката на Пелистер за новата сезона

Фудбалерите на Пелистер попладнево се враќаат од Банско, каде минаа седум дена плодни подготовки, а во овој период одиграа и два контролни натревари. Против Не Саломина од Кипар загубија со 1-0, а со Анортозис ремизираа без голови 0-0.

Радува добрата рекуперација на Христијан Драгарски, кому ќе му биде понуден договор, но загрижува повредата на ветеранот Раденко Бојовиќ. По одличната претходна сезона, српскиот централен дефанзивец се пожали на болки во коленото на натпреварот со Анортозис во вторникот, па се чека магнетната резонанца, но пелистерци стравуваат од најлошиот вид на повреда – скинати вкрстени лигаменти.

Битолчани ќе добијат неколку слободни дена од тренерот Срѓан Захаривски, а потоа ќе тестираат против српскиот Динамо Врање на 6 август во Битола. Овој меч ќе биде генерална проба за дебито во шампионатот на 13 август во Прилеп против Победа.

Извор: gol.mk