Драгарски и Фазлију потпишаа нови договори со Пелистер

Новиот прволигаш, битолски Пелистер денес ги продолжи договорите со двајца фудбалери кои ќе бидат „ударни игли“ во сезоната 2020/21. 27-годишниот Драгарски е дете на Пелистер, кој настапуваше во неколку клубови во нашата земја, а играше и во странство.

Фазлиу минатата сезона се наметна во зелениот дрес и доби доверба од стручниот штаб.

Претходно пелистерци потпишаа со Кочоски, Пејаковиќ, Илиески, Талески и Танушев.