Драгарски тренира со Пелистер, ќе биде ли последното засилување на битолчани?

На денешниот прв тренинг на новиот Пелистер на Срѓан Захариевски, се појави и со тимот, освојувач на Купот тренираше и дефанзивецот Христијан Драгарски. Некогашниот младински репрезентативец на Македонија ги реши своите проблеми со грбот заради кои пропушти повеќе од една сезона.

Драгарски до почетокот на новиот шампионат ќе тренира за пелистерци, а потоа ќе се знае дали клубот ќе му понуди договор или не. Пелистер зацрта доведување на уште еден централен дефанзивец, кој ќе им се приклучи на Ковачев и Бојовиќ.

25-годишниот Драгарски е дете на Пелистер, кој во својата кариера го носеше и дресот на романската Конкордија и српскиот Радник од Сурдулица.

Извор: gol.mk