Завршија тест-натпреварите, Пелистер подготвен за новата сезона

Со три победи, еден пораз и два нерешени резултати, Пелистер ги заврши подготовките за новата натпреварувачка сезона. Екипата на Зоран Штерјовски тестираше во Битола и Охрид, а шанса добија сите фудбалери.

Пријателски натпревари на ФК Пелистер:
11 јули: Пелистер – Борец 1-0
18 јули: Пелистер – Работнички 0-2
20 јули: Пелистер – Вардар Форино 3-1
22 јули: Пелистер – Охрид 4-0
25 јули: Пелистер – Ренова 0-0
29 јули: Пелистер – Гостивар 0-0

Првиот официјален натпревар Пелистер ќе го игра в недела на 9 август, во 17:30 часот во Битола против Академија Пандев. Натпреварот ќе се игра без присуство на публика.