За Клубот

ФК Пелистер е фудбалски клуб од Битола, Македонија, кој моментално настапува во првата македонска фудбалска лига. Клубот е формиран по ослободувањето во 1945 година, иако негови претходници во Битола егзистираат од 1924 година. Клупските бои на Пелистер се зелената и белата. Клубот игра на градскиот стадион Стадион Тумбе Кафе. Навивачите на Пелистер се викаат „Чкембари”. Клубот има долгогодишна фудбалска историја со оглед на тоа што ФК Пелистер како име се среќава уште во далечната 1924. Оттогаш па наваму, клубот ја презентирал Битола во државава, а и на просторите на СФРЈ и во странство.

ФК Пелистер е формиран во 1924, најпрво под името „Омладина”, по што било сменато во „Пелистер” а подоцна во „СК Битола”. Повторно се појавил под старото име „Пелистер” по ослободувањето во 1945, по што веќе во 1946 да станал првак во битолскиот фискултурен округ. Истата година се споил со ФК Работник, но го задржал името Пелистер. Некои од попознатите играчи од тоа време се Ѓеоргиевски, Димитровски, В. Мицевски, Т. Петровски, Наумовски, Лазаревски, Шекерџиевски, Аврамовски, Несторов и Ефтимовски.

Пелистер за прв пат во својата историја влегол во втората југословенска фудбалска лига во сезоната 1974/1975. Пелистер не успеал да се задржи подолго време во втората лига, но подоцна се вратил повторно во 1982, кога на чело на клубот биле Митко Бутлевски и тренерот Иван Чабриновиќ. Пред распаѓањето на Југославија, Пелистер настапувал и во првата сојузна лига. По осамостојувањето на Република Македонија, Пелистер континуиарно се натпреварувал во првата македонска фудбалска лига сѐ до сезоната 2002/2003 кога клубот испаднал од највисокото натпреварување во Македонија. Пелистер досега нема освоено шампионска титула, но има освоено една титула од купот на Македонија во 2001. Наредната сезона настапил во УЕФА купот, но не успеал да ја помине првата пречка и загубил од швајцарскиот тим Сент Гален со вкупен резултат од 4:3.

Бивши фудбалери:

Адриано Миранда,Жуниор Мачадо Соуса,Зоран Бошковски,Саша Чириќ,Миле Димов,Дејви Главески,Ѓорѓи Христов,Неџат Хусеин,Наум Љамчевски,Мирко Ивановски,Драган Канатларовски,Димитар Капинковски,Благоја Китановски,Томе Димитровски,Благоја Келески,Стевица Кузмановски,Тони Савевски,Борче Маневски,Тони Мицевски,Ванчо Мицевски,Петар Милошевски,Сашо Милошевски,Николче Новевски,Игор Момировски,Златко Настевски,Јане Николовски,Драган Бочевски,Томе Пачовски,Спасе Ристевски,Драги Димитровски,Бруно Пресилски,Пеце Миленковски,Марјан Секуловски,Стефан Спировски,Горан Ставревски,Митко Стојковски,Томе Пачовски,Драган Веселиновски,Горан Лазаревски,Сашо Лазаревски,Кире Грозданов,Сашо Петровски,Жанко Савов,Игор Павловиќ,Живан Љуковчан

Поранешни тренери:

Спасе Ристевски – (2001)

Благоја Китановски – (2001-02)

Перица Груевски – (2003)

Марјан Секуловски – (2005)

Неџат Хусеин – (2006-08)

Алексо Мацков – (2009)

Наум Љамчевски – (2010)

Неџат Хусеин – (2010-11)

Марјан Секуловски – (март 2012-мај 2012)

Миле Димов – (мај 2012- Јуни2012) (привремен)

Горазд Михајлов – (јули 2012-12 ноември)

Миле Димов – (ноември 2012-Јануари 2013) (привремен)

Гордан Здравков (јануари – мај 2013)

Драган Бочевски (2013)

Достигнувања

Социјалистичка Република Македонија – Македонска Републичка лига:
Победници (6): 1926-27, 1950-51, 1959-60, 1960-61, 1974-75, 1981-82

Република Македонија – Македонска Втора лига:
Победници (2): 2005-06, 2011-12

Социјалистичка Република Македонија – Македонска Републичка лига:
Победници (1): 1990-91

Република Македонија – Македонски Куп:
Победници (1): 2000-01
Вицешампион (2): 1992-93, 1993-94

Пелистер во Европа

УЕФА Интертото Купот 2000

1 коло Хобшајд (Луксембург) 3-1, 1-0 (4-1)
2 коло Фролунда (Шведска) 3-1, 0-0 (3-1)
3 коло Селта Виго (Шпанија) 1-2, 0-3 (1-5)

Куп на УЕФА 2001-02

1 квалификациско коло
Сент Гален (Швајцарија) 0-2, 3-2 (3-4)

Куп на УЕФА 2008-09

1 квалификациско коло
АПОЕЛ (Кипар) 0-0, 0-1 (0-1)