ЗА ПРВПАТ ВО ИСТОРИЈАТА, ДЕРБИ БЕЗ ГЛАВНИТЕ: Вардар и Пелистер без публика.

За првпат во историјата „Дербито на Македонија”, помеѓу Вардар и Пелистер, ќе се одигра без двете навивачки групи.

За првпат во историјата „Дербито на Македонија” помеѓу Вардар и Пелистер, ќе се одигра без двете навивачки групи. „Комити” и Вардар се „скарани”, додека „чкембарите” сакаа да дојдат, но не им е дозволено. Сето тоа поради изградбата на Арената „Филип Втори”.

Инаку битолчани ќе настапат без Баже Илијоски, кој на дуелот со Шкупи се повреди. Сè останато е подготвено за настап во таборот на Пелистер. Ковачев се врати, исто како и Љамчевски и Петров.

Што се однесува до Вардар, Дамир Којашевиќ ќе го пропушти и овој натпревар против Пелистер откако Црногорецот не беше во комбинација ниту на минатиот меч со Ренова поради повреда на коленото ќе отсуствува. Затоа, пак, во составот се очекува да се врати Горан Попов.

Натпреварот од 26. коло во ПМФЛ се игра утре со почеток во 16 часот.

Фото:Спортмедиа.мк