„Златниот“ гол на Тодоровски го однесе Пелистер во четвртфиналето на Купот

Најинтересниот натпревар од возвратната програма од осминафиналето на Купот на Македонија беше дуелот меѓу Ренова и Пелистер. „Зелените“ дојдоа со предност од 2-0 во Тетово, но Ренова тој резултат го анулира и надмина со головите на Садики, Мемеди и на Мишковски уште во првиот дел.

Спасот на битолчани беше голот на Гоце Тодоровски од слободен удар во 77. минута и Пелистер се пласира меѓу осумте најдобри екипи во Купот на Македонија.

Можни противници во четвртфиналето на „зелените“ им се Победа, Шкупи, Силекс, Брегалница, Металург, Шкендија и Вардар.