Зоранчо Темелков ќе го суди мечот на Пелистер против Ренова

ФФМ ги објави судиите за мечевите од петтото коло кои се играат за време на викендот.

Дуелот во Тетово помеѓу Ренова и Пелистер кој ќе се одигра в недела од 16.00 часот му припадна на Зоранчо Темелков, кој првпат оваа сезона ќе му суди на битолскиот прволигаш.

По првите четири кола Пелистер е непоразен и со 10 бода е на делба на првото и второто место со шампионот Вардар.