Илиевски и Фазлиу повикани за У21 репрезентацијата

Македонската репрезентација до 21 година на 12 ноември против Израел и на 17 ноември против Црна Гора (тренинг центар „Петар Милошевски“) ќе ги одигра двата последни натпревари од квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2021.

Селекторот на нашата млада репрезентација, Благоја Милевски за двете важни пресметки одбра тринаесет интернационалци. Искусниот стручњак повика и на двајца фудбалери на Пелистер, Илиевски и Фазлиу.

Голмани:
Ристе Јанков (Работнички), Давид Денковски (Брегалница), Марко Алчевски (Академија Пандев)

Одбрана:
Агрон Руфати (Зорја, Украина), Есмин Личина (Македонија Ѓ.П.), Филип Антовски (Славија Софија, Бугарија), Тодор Тодороввски (Осијек, Хрватска), Бојан Илиевски (Пелистер), Никола Серафимов (Академија Пандев), Блертон Шеји (Струга Трим Љум), Оливер Стојменовски (Борец)

Среден ред:
Давор Зздравковски (АЕЛ, Кипар), Кристијан Ацковски (Брегалница), Јани Атанасов (Хајдук, Сплит), Агон Елези (Вараждин, Хрватска), Томче Гроздановски (Злате Моравце, Словачка), Димитар Митровски (Спортинг Лисабон, Португалија)

Напад:
Бојан Миовски (МТК, Унгарија), Дарко Чурлинов (Штутгарт, Германија), Љавдрим Фазлиу (Пелистер), Ердон Даци (Коњаспор, Турција), Давид Тошевски (Ростов, Русија), Марко Ѓорѓиевски (Раднички Пирот, Србија), Кристијан Трапановски (Академија Пандев)

Македонската репрезентација до 21 година е на второто место во групата 6 од квалификациите за Европското првенство со 14 бода. Израел има 12 на третото место, Шпанија е прва со 22. бода. Црна Гора е петта со седум освоени бодови, зад Казахстан со 10 бода. Последен е Фарски Острови со шест бодови.