Илијоски и Главевски го срушија Скопје

Пелистер – Скопје 2-0 (0-0)

Под Тумбекафе на градскиот стадион играа двете екипи кои испаднаа лани од Првата лига во рамките на 22. коло, а победи екипата на Пелистер со 2-0 (0-0).

Со оваа победа екипата на Пелистер останува во игра за враќање во Првата лига преку бараж натпревар, бидејќи со три бода или вкупно 33, ја премина екипата на Гостивар, која по денешното реми има 32 бода.

Поради казната на првиот тренес на Пелистер, Дарко Крстески, екипата ја водеше неговиот помошник Димче Ристевски.

Екипата на Пелистер до победа денес дојде во второто полувреме со головите на Ристе Илијовски во 66. минута и Благојче Главевски во 86. минута.

Првиот дел мина во знакот на лоша и неорганизирана игра во двете страни. Најзрелата можност ја имаше Ристе Илијоски, чиј удар од непосредна близина го одбрани Христијан Стевковски.

На почетокот од вториот гостите имаа прилика за гол кој го спаси Благоја Љамчевски, а во 66. минута кога по центаршутот на Благоја Љамчевски, со глава биеше Ристе Илијоски за водство од 1-0 за Пелитер. Во завршницата на натпреварот во 87. минута, Благојче Главевски со глава погоди за конечни 2-0.