Кристијан Николовски ново име под „Тумбе кафе“

Кристијан Николовски е нов фудбалер на Пелистер. Играчот за врска кој досега беше дел од тимот на Борец го засилува новиот прволигаш од Битола. Денес, младиот 22-годишен фудбалер стави потпис на едногодишен договор и беше промовиран како нов фудбалер на „зелено-белите“.

Николовски е дете на Македонија ЃП, а настапуваше и за Вардар, Еуромилк и Борец.

Во последната сезона, Николовски запиша 20 настапи во тимот на Горазд Михајлов. Николовски нема да биде последно засилување на Пелистер, туку клубот ќе се засили и со напаѓач.

Нови имиња се Пејаковиќ, Талески, Илиески, Танушев и Кочоски.