Крстески: Подготвителниот период е клуч на успехот на една екипа

Тренерот на Пелистер, Дарко Крстески веднаш по прозивката го одржа и првиот тренинг, а на фудбалерите им го кажа и планот по кој ќе се одвиваат подготовките.

„Тргнуваме со лесен тренинг денес и утре, а од петок започнуваме со двојна програма. Имаме време, нема да се форсираме, но ако сакаме Прва лига, таа сега се сработува, во подготвителниот период, бидејќи кога ќе дојдат натпреварите, ќе биде доцна. Пелистер ќе работи во Битола, ќе одигра пет пријателски натправари, а дел нив ќе ги игра во Охрид, а во тој период најверојно и таму ќе престојуваат“, рече Крстески. Тој со својот помошник Димче Ристевски и спортскиот директор денес и утре ќе го докомплетираат планот за подготовки, односно каде и во кој термин на кој терен ќе се тренира, со цел да се залува тревата на стадионот во овие жештини.

Неофицијално не е искучено уште некој фудбалер да му се приклучи на тимот, односно како рекоа да одекне некоја фубалска бомба под Тумбекафе.