ЛЕХ ПОЗНАЊ, НЕ МОЖЕШЕ ПОТЕШКО ЗА ПЕЛИСТЕР

Полскиот клуб е противникот на „зелените“ на стартот во квалификациите во ЛЕ. Првиот меч се игра на 29 јуни во Полска

И да сакаше Пелистер не можеше да добие посилен противник. Лех Познањ е тимот со кој битолчани ќе се ги одмерат силите во првото квалификациско коло во ЛЕ. Првиот меч се игра на 29 јуни во Полска, додека реваншот во Струмица на 6 јули.

Нема што, Пелистер немаше среќа во ждрепката. Сепак од таборот на Пелистер велат дека ќе дадат се од себе да го изненадат силниот полски тим.

„Веруваме во чудо, секако дека добивме за ривал силна екипа но ако можевме од трета лига што се вели да дојдеме до Европа можеме да се надеваме на чудо. Го цениме ривалот и неговиот квалитет но наше е да се бориме машки за да поминеме во следната рунда“ ни изјави Благоја Кочевски, директорот на Пелистер.

Извор: Македонски спорт