Маневски не реализира пенал, Гостивар однесе бод од Битола

Фудбалерите на Пелистер, на свој терен не успеаја да ја победат гостинската екипа на Гостивар, одиграа без голови, во рамките на петтото коло на Втората лига.

Први шанса за гол имаа фудбалерите на Гостивар, а само по 10 минути игра беше дсуден пенал по прекршокот над Бујчевски. Маневски не погоди од 11 метри, а голманот ја одби топката во поле, но за жал на “пелистерци“ никој немаше да го потврди пеналот за гол за водство.

Шанса за гол Пелистер имаше преку Исмаили, кој одлично ги претрча сите, но гостинскиот голман уште еднаш одлично реагираше.

Нова шанса за гол Пелистер имаше и во 65. минута, на двапати, но ударите на Симјановски и Бујчевски, завршија во стативата и дирекот.