Маневски носи голем бод од Лабуништа

Дерби натпреварот од деветтото коло на Втората лига – Запад, помеѓу првопласираниот Пелистер и второпласираната екипа Лабуништа, на теренот во Лабуништа, донесе реми и останување на разликата од пет бода на табелата во корист на пелистерци пред Лабуништа и Дрита.

Првиот дел помина претпазливо, за да не погреши, а грешката да му донесе предност на некоја екипа, а првиот гол падна во 65 минута кога голот на Трајчевски го погоди Хасан.

Израмнувањето и бод за Пелистер го донесе Борче Маневски.