Маневски повлече нога, Пелистер го совлада Вардар Форино

Со првата победа во првото коло од Втората лига екипата на Пелистер ја започна сезоната во која е прогласен за фаворит за пласман во Првата лига.Во првото коло екипата на Пелистер ја совлада екипата на Вардар од Форино со 2-0 (0-0), во натпревар во кој ја имаше контролата врз играта во текот на сите 90 минути.

Дека Пелистер е оправдано фаворит на оваа оваа средба се покажа од почетокот на натпреварот кога и ги имаше шансите за водство преку Момировски, Главевски и Маневски.По пропуштените шанси за гол во првото, уште на самиот старт на второто полувреме Пелистер дојде во водство по акцијата на Маневски по десната страна, погоди Благојче Главевски за 1-0.

По водството екипата на Пелистер продолжи да биде во иницијатива, а во 63. мунута “пелистерци“ го решија натпреварот со голот на Симјановски по грешката на гостинскиот голман.