Мечкаровски ќе го суди дербито меѓу Пелистер и Работнички

В недела од 17:00 часот на „Градскиот стадион“ во Битола ќе се сретнат Пелистер и Работнички, во рамите на третото коло од Првата фудбалска лига. Правдата на ова дерби ќе ја дели Димитар Мечкаровски од Скопјe, a ќе му помагаат сограѓаните Василевски и Топојани. Четврти судија е Ирена Велевачкоска од Прилеп.

Пелистер сезоната ја започна со четири бода од два натпревари, откако го победи тимот на Академија Пандев, а ремизираше во Кратово. Работнички двата натпревари ги играше во Скопје и загуби од Македонија ЃП, па славеше со Беласица.

Двете екипи се сретнаа во контролен натпревар во Охрид пред неполн месеци и Работнички извојува победа со 0-2.