Мечкаровски ќе го суди мечот Победа – Пелистер

Задачата да ја дели правдата на пелагониското дерби, помеѓу повратниците во Првата лига, Победа и Пелистер во првото коло на Првата лига ја доби Димитар Мечкаровски.

Искусниот судија ќе биде на центарот в недела на мечот кој ќе се игра под „Тумбе кафе“. Се работи за искусен судија кој има висок рејтинг во македонските фудбалски кулоари.

Победа ќе биде домаќин против Пелистер на стадионот на битолчани заради реновирањето на новиот тревник во Прилеп.