Надигран Велазерими, Пелистер пак на победнички стази

Пелистер – Влазерими 1-0 (1-0)

Фудбалерите по денешната победа можат само да жалат за поразот од Тетекс во вонредното коло, бидејќи шест бода во третиор циклус ќе останеа според бодовите сериозни конкуренти за пласма во Првата лига. Вака им останува надежта дека со трите денешни бода да бидат во игра за баражот.

Натпреварот започна со иницијатива на фудбалерите на Пелистер, кои во 20 минута од првото полувреме го постигнаа првиот гол, кој беше и победоносен. По по акцијата на Момировски и повратната топка на Главевски, натрча Неданоски некаде на 11-12 метри и ја пласираше топката крај немоќниот Незири.

До крајот на полувремето убава шанса за гол имаше и капитенот Главески, кој не успеа да погоди за 2-0. По 20 одиграни кола екипата на Пелистер има 29 бода, а Лабуништа по денешната победа има 34 бода на второто место.