Наместо в недела, Пелистер во Кратово ќе гостува в петок

Натпреварот од второто коло во ПМФЛ меѓу Силекс и Пелистер ќе се игра во петок од 17:30 часот, наместо в недела како што беше најавено.

Оваа промена на терминот доаѓа по барањето на кратовчани, да се игра порано од предвиденото поради настапот во Лигата на шампионите. На почетокот на следната недела ги чека натпревар со Карабах од првото коло во Лигата на шампионите.

ФК Пелистер им излезе во пресрет на своите фудбалски ривали и се согласи натпреварот да го одигра два дена порано.