Неочекуван домашен пораз на Пелистер од Тетекс

Во Битола се повтори старото фудбалско правило, ако не дадеш гол ќе примиш, а “пелистерци“ со примениот гол во судиското продолжение на првото полувреме, од две минути, го примија првиот гол оваа пролет.

Ударот на Михајловски, поддржан од ветерот, од 18 метри заврши под пречката на домашниот голман, а со тој резултат се отиде на одмор. Во второто полувреме Пелистер играше и со играч повеќе, но не успеа да постигне гол за изедначување, а потоа и резултатски престврт. Со овој, прв, пролетен пораз, екипата на Пелистер се оддалечи од посакуваното второ место, и сега со 26 бода се наоѓа на петтото место на табелата, а конкурентите, во ова прво коло од третиот циклус остааа непоразени.

Сега екипата на Лабуништа на второто место има предност од пет бода пред Пелистер.

Пелистерци и наредното коло в сабота играат на свој терен, а ја пречекуваат екипата на Влазерими.

[SHO