Нето и Фазлиу донесоа три бода од гостувањето во Струмица

Беласица – Пелистер 0-2 (0-1)

Пелистер во шестото коло од Првата македонска фудбалска лига ја победи екипата на Беласица и во Битола, повеќе од заслужено, се враќа во три бода, а победата од 0-2 е одлична уверира за мирна седмица пред дуелот со Шкендија подр Тумбекафе.

Првата шанса Пелистер ја имаше во втората минута, кога Хот, напаѓач на „зелено-белите“ со глава биеше. Ако не погодија во втората минута за водство, или пак во четвртата која биеше Борха, се случи во 10. минута, кога Нето со прецизен удар постигна гол за рано водство.

Во вториот дел Беласица тргна за гол, но Пелистер одлично парираше, а домаќините се откажаа кога Фазлиу од прва биеше од блиску за 0-2, по убавото уфрување на Драгарски.

Пелистер во седмото коло, на свој терен, под „Тумбе кафе“ во Битола ја пречекува Шкендија.