ОФИЦИЈАЛНО: Дарко Крстески е именуван за нов тренер на ФК Пелистер

По оставката на Томче Трајановски, ФК Пелистер го именува Дарко Крстески за нов шеф на стручниот штаб на клубот, Крстески потпиша договор до крајот на сезоната и ќе го води клубот во ВМФЛ-Запад.

Новиот предводник веќе започна со тренинзи и ќе ја води екипата на Куп натпреварот во Струмица против Беласица в среда од 15:00 часот. Овој натпревар ќе биде негово деби н клупата на битолскиот прволигаш.

Крстески како фудбалер го носеше дресот на Победа, Црвена Звезда, Сутјеска, Борац Чачак и Флоријана на Малта. Како тренер работеше во Победа, која ја внесе од Втората во Првата лига, па во Тиквеш и половина година работеше во Либија.