ОФИЦИЈАЛНО: Захариевски претставен како замена за Шенсои во Пелистер

Младиот македонски тренер Срѓан Захариевски официјално е претставен како нов тренер на Пелистер за сезоната 2017/18. Тој потпиша договор на една сезона со опција за продолжување на соработката ако двете страни бидат задоволни по истекот на договорот. Захариевски ќе го наследи Наџи Шенсои, кој соогодбено го расина договорот со Пелистер пред две недели, само четири дена по европската елиминација на „зелените“.

Срѓан Захариевски е надежен тренер кој во нашата ПМФЛ го водеше Металург, па ова му е втор предизвик. Целта е да го одведе Пелистер во Европа по освојувањето на Купот во мај оваа година.

Поранешниот македонски репрезентативец ќе соработува со Петар Костовски и Спасе Ристевски, кои бе соработници и на Шенсои, а тренер на голмани ќе биде и натаму Горан Пашовски.

Во свјоата играчка кариера 43-годишниот Захариевски го носеше дресот на Силекс, Вардар, Тетекс и Металург во Македонија, Штутгарт во Германија, Кампомајорензе во Португалија, Родос, Докса Драма и Анегениси Кардица во Грција.

За македонската репрезентација Захариевски одигра 22 натпревари и постигна 3 гола.

Извор: gol.mk