Штерјовски и Коруновски добија нови договори

Пелистер од идната сезона се враќа во ПМФЛ, па веќе започнаа со подготовките за она што следи.

Денес обновена е соработката со тренерот Зоран Штерјовски кој и во новата сезона ќе ги предводи „зелено-белите“. Исто така продолжен е и договорот со некогашниот голман Пеце Коруновски, кој останува да биде спортски директор на клубот. Двајцата потпишаа договор на една сезона. Веќе неколку дена Штерјовски и Коруновски започнаа да го градат ростерот за новиот Пелистер.

Ако на сето ова се додаде дека во тек е изградба на новата трибина на стадионот и целосно „шминкање“ на објектот тогаш слободно можеме да кажеме дека во Битола повторно фудбалот ќе биде главна тема.