Пак Главевски е херојот, Пелистер го надигра Скопје

Пелистер ја запиша третата победа во Втората фудбалска лига и пак треба да му се заблагодари на Благојче Главевски, кој го постигна единствениот гол во победтаа над Скопје со 1-0.

Пелистер – Скопје 1-0 (0-0)

Градски стадион „Тумбе кафе“ – Битола. Гледачи: 200
Главен судија: Петар Мантев (Неготино)
Асистенти: Илија Гонев и Зоран Ангелов (Неготино)
Стрелец: Главевски во 66. минута за Пелистер
Жолти картони: нема
Црвени картони: нема

Пелистер:
Ристевски, Илиевски, Колевски, Илијовски, Наумоски, Главевски, Коњарски, Бошковски (од 46м. Исмаили), Момировски (од 85м. Здравевски), Анѓелески (од 64. Марковски), Неданоски

Скопје:
Стевковски, Новески, Личина, Јаневски (од 85м. Јовановски), Кудијан (од 24м. Настевски), Димитровски, Алексиќ, Факиќ, Тасески, Дишлиевски (од 78м. Џуклески), Димков

Во следното коло, екипата на Дарко Крстески гостува кај Генч Калербер во Гостивар.